Ангеловска-Бежоска: Се надевам ќе успееме да ја добиеме битката со пандемијата

Во годината што следува, пред сѐ, посакува сите да ја зачуваме најголемата скапоценост, а тоа е здравјето.

Зад нас оставаме година во која секојдневно се справувавме со предизвици и на личен и на професионален план. Се соочивме со одамна невидена криза, во која сите ние првенствено моравме да се грижиме за зачувување на здравјето на луѓето, а истовремено да носиме брзи одлуки за поддршка на благосостојбата во овие тешки околности.

Ова го истакнува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска во порака по пвод Новата 2021 година.

Во пораката додава дека оваа година нѐ потсети дека нашата најголема вредност се храбрите, посветените и професионалните луѓе, без чијашто поддршка е невозможно успешно да се минува низ премрежињата што ги носат кризите. Токму овие вградени вредности, истакнува, и нам како централна банка, ни го олеснија исполнувањето на целите и успешното справување со сите предизвици во 2020 година.

Во годината што следува, пред сѐ, посакува сите да ја зачуваме најголемата скапоценост, а тоа е здравјето.

– Се надевам дека ќе успееме да ја добиеме битката со пандемијата, а дека нашата мисија ќе ја исполнуваме во похумана околина, со помалку виртуелни средби и со поголема социјална комуникација. Но, доколку времето покаже дека борбата ќе биде подолга, немам сомнение дека сите, мудро и доблесно, ќе ги носиме нашите одлуки. Впрочем, изминатава година покажа дека и во вакви кризи сите умееме да бидеме пожртвувани, храбри, отпорни, иновативни и инспиративни. Да ги понесеме овие вредности со нас и во новата година! Среќна Нова 2021 година!, напиша гувернерката во пораката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот