Ангелов се сретна со луѓето од беровскиот кризен штаб – се бара начин да се скроти големиот пожар
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, објави дека вечерва учествува на состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово во врска со големиот пожар во Беровско, кој е дел од пожарите кои се протегаат и во радовишко-струмичкиот регион.
Препорачано
Од ДЗС информираат дека на состанокот, со кој раководи градоначалник на Берово Звонко Пекевски, се разгледуваат повеќе опции за рано изутрина со комбинирани сили, соодветна механизација и воздухоплови да се делува на пожарот кој е активен на планината над селото Русиново.
Потенцирано е отежнатото справување со огнот, кој тешко се контролира поради променливиот ветар, големите шупливи дрвја од минатите пожари како и непристапниот терен.
Според извештајот на ЦУК, во пожарот во Беровско, кој и натаму е активен, од пожарот се зафатени нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Претходно денеска Ангелов најави дека утре во земјава ќе пристигне помош од Чешка и Словенија, која вклучува 50-ина словенечки пожарникари и специјални возила кои ќе помагаат за гасење на пожарот во Беровско.
ВИДЕО: Критично е со пожарот во Радовишко – огнот се ближи до куќите во неколку села


