Ангел Димитров: Политичарите сакаат напредок, но македонските историчари прават се да не се случи тоа

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со загриженост ја очекувам новата средба на заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања, но се надевам дека ќе направиме барем еден мал чекор напред, изјави бугарскиот копретседател на Комисијата, Ангел Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), во пресрет на нејзиното ново заседание предвидено за утре и задутре.

– Отсекогаш сакавме да работиме поинтензивно со стегнат ритам, но тоа не се случи. За следната година се планирани само пет состаноци, што не е доволно, вели Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава.

Според него, постојат разлики меѓу политичарите и историчарите.

– Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, оценува Димитров.

Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива.

– Се е до политичката волја, но во преден план доаѓа не само улогата на политичарите, туку и на историчарите. Не е во ред историчарите во Македонија да чекаат нова ситуација за да направат критичка анализа. Историчарот е должен да ја каже вистината и да го подготви општеството за вистината, категоричен е Димитров.

Тој нагласува дека позицијата на Бугарија за прашањето на Република Северна Македонија е „единствена и монолитна”.

– Тоа е ставот, како на Владата, така и на Народното собрание и на сите партии застапени во него, а исто и на претседателот, заклучува Димитров во изјавата за БНТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот