Анџела Басет и Мел Брукс ќе добијат почесни „Оскари“

Фото: Instagram/ Profimedia

Актерката Анџела Басет и доајенот Мел Брукс се меѓу четворицата кои оваа година ќе добијат почесни „Оскари“, пишува „Гардијан“.

Покрај, Басет (64) и Брукс (96) оваа почесна награда ќе ја добијат и Керол Литлтон (81), уредничка на филмовите „ Body Heat“, „ET the Extra-Terrestrial “ и „ The Big Chill “. Исто така, Мишел Сатер од Институтот Санденс ќе ја добие и хуманитарната награда „Жан Хершолт“.

„Во текот на нејзината повеќедецениска кариера, Анџела Басет продолжи да дава трансцендентни изведби кои поставуваат нови стандарди во актерството. Мел Брукс ги осветлува нашите срца со неговиот хумор, а неговото наследство има трајно влијание на секој аспект на забавата, изјави Џенет Јанг, претседателка на Филмската академија Џенет Јанг.

Актерката претходно двапати беше номинирана за Оскар и тоа, пред 30 години за нејзината главна улога во биографскиот филм за Тина Тарнер „What’s Love Got to Do With It? “ и минатата година за нејзината изведба како кралицата Рамонда во „Black Panther: Wakanda Forever“. Басет, исто така, играше во филмовите „Malcolm X“, „How Stella Got Her Groove Back“ и „Pixar’s Soul„.

Мел Брукс го доби својот прв Оскар за неговото сценарио за филмот „The Producers“, во кој глумеше, исто така и го режираше. Актерот има освоено повеќе награди, вклучувајќи Еми, Греми и Тони во текот на неговата кариера, што го прави еден од само 18-те луѓе што го постигнале успехот за освоени четири од главните американски награди во светот на забавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот