Андре Виљаш Боаш стана претседател на Порто

Фото: EPA-EFE/FERNANDO VELUDO

Португалецот Андре Виљаш Боаш кој како тренер помеѓу останатите клубови ги водеше Челси и Порто сега стана и претседател на португалскиот клуб.

Боаш на местото претседател доаѓа на Пино Де Кошта кој на чело на Порто беше цели 42 години и тоа најдолгата ера на еден прв човек во некој клуб. На клупските избори гласаа вкупно 28.876 лица, а на крајот повеќе гласови освои Боаш.

Уште на стартот Боаш ќе има предизвик да се справи лошата финансиска состојба во клубот.

„Порто е во состојба на оперативен банкрот, клбуот очекуваше поголеми приходи, но на крајот не ги доби. Сепак, јас верувам дека ќе го вратиме Порто каде и што припаѓа. Ова е клуб кој на сите им е потребен и чест ми е што сум избран да раководам во годините кои следат“, изјави Боаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот