Андоновски за прв триумф на Тинекс Пролет во плеј-офот од ракометната Суперлига

Тинекс Пролет стигна до првата победа во плеј-офот откако во петтото коло по голема борба славеше над Охрид со резултат 27:26.
Охриѓани успеаја да стекнат позитива од „плус четири“ (10:6), а потоа Тинес Пролет возврати со серија од 8:3 за на пауза да замине со минимална предност од 14:13.
Избраниците на Лембанов одлично го отворија и второто полувреме и по четири минути стигнаа до највисоките „плус три“ (17:14). Охрид сега бркаше негатива и дојде до израмнување на 21:21.
Во последните 10 минути од мечот се влезе во нов егал (23:23). Двата тима постигнаа по три гола што значеше дека во последните 60 секунди се влезе со резултат 26:26, а гостите имаа напад за победа. Охриѓани направија грешка, по која останаа 20 секунди за последен напад за домаќините.
Последниот напад го реализираше капитенот на Тинекс Пролет Ласко Андоновски кој донесе голема победа за Пролет (27:26).
Александар Василевски со девет гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на Тинекс Пролет, додека кај Охрид Гал Цицар постигна седум гола.