Андонова ја напушти Барселона
Андонова на својот Инстаграм профил им се заблагодари на сите фанови за досегашната поддршка и дека дојде времето за разделба.
Фудбалот води кон различни патишта, но според нејзе тоа не значи и збогум, се надева дека повторно ќе се види со луѓето од клубот и верните навивачи.
– Дојде времето да го напуштам клубот кој ми ги отвори вратите пред две години и се чувствувам како дома. Две многу добри, но и тешки сезони, бидејќи дојдов со желба да успеам во ваков голем клуб. Но, поради различни причини не успеавме да ја покажеме нашата супериорност во клучните моменти – вели Андонова.
Нејзиниот учинок во дресот на Барса од 2017 година беше 43 одиграни натпревари и седум постигнати голови.
Нашата репрезентативка пред да се пресели во шпанската екипа, настапуваше уште за екипите на ПСЖ, Розенгард, Турбине Потсдам, а во меѓувреме се врати и во најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија.