Анастасија Ражнатовиќ се дотера за прв пат после карантинот и ги воодушеви обожавателите со одлична жолта комбинација! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Анастасија Ражнатовиќ ги почитуваше сите мерки поради пандемијата од коронавирусот и воглавно беше дома во изминатиот период, па често споделуваше фотографии и снимки на кои можевме да ја видиме во природно издание и лежерно облечена.

Инстаграм

Дури и за забавата која ѝ ја приредија мајка ѝ Цеца и тетка ѝ Лидија по повод нејзиниот 22 роденден, таа беше облечена во опуштено издание со оглед на тоа и дека забавата беше изненадување која таа го затекна кога се врати дома од Нови Сад.

Инстаграм

Меѓутоа, како што се нормализира ситуацијата, така и нејзиниот живот се враќа во нормала, па ќерката на Цеца одлучи на Инстаграм да сподели фотографија на која е совршено дотерана. Таа позираше во краток лелеав фустан со жолта боја и призна:

„Долго време не се средував и шминкав и не носев штикли… Еве можност за прв пат после карантинот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот