Фото: Слободен печат

Анализа: Вандализмот во „Жена парк“ е доказ дека општеството не функционира

Превртени и искршени клупи и канти за отпад – ваква е сликата во „Жена парк – Борец“, симболот на Скопје во центарот на градот откако беше мета на вандали.

Фотографиите кои скопјани ги споделуваат на социјалните мрежи прикажуваат простор кој наместо да служи за релаксација, претставува слика на неодговорност и вандализам во строгиот центар на Скопје.

– Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители – предложи градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и сосема е во право. Вандализмот и хулиганизмот се одлика на постмодерните општества, односно општества во кои институциите повеќе не функционираат. И тука не мислам на државните институции, туку на семејството, воспитувањето, религиските организации. Сметам дека е добра одлуката на ЗЕЛС, вандалите да се казнуваат со општествено-корисна работа, тоа би можело да има позитивен ефект – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот