epa04852075 Bayern Munich's Spanish head coach Pep Guardiola (C) celebrates with Philipp Lahm (front C) after winning a friendly test soccer match between FC Bayern Munich and Valencia CF at the Beijing National Stadium also known as Bird's Nest in Beijing, China, 18 July 2015. EPA/WU HONG

Анализа на поранешниот капитен на Баерн: Зошто сите го сакаат Пеп

Филип Лам опиша како ја доживеа работата со Пеп Гвардиола додека Каталонецот од 2013 до 2016 го предводеше германскиот тим.

Пеп Гвардиола по пет години во Манчестер сити успеа да го направи за што беше ангажиран, ги однесе „граѓаните“ во финалето на Лигата на шампионите и за големиот успех добива пофалби од сите страни. Една од нив е и од поранешниот капитен на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Филип Лам и тоа во колумна за шпанскиот весник „Ел Паис“.

Лам во колумната опиша како ја дожива работата со Пеп Гвардиола додека Каталонецот го предводеше Баерн Минхен во периодот од 2013 до 2016 година.
„Пеп Гвардиола еднаш ми рече: На големите натпревари одбирам само 11 најдобри играчи кои ги имам. Оваа реченица беше неговата девиза. Гвардиола е тренер кој го сака знаењето и талентот кај своите играчи. Некои тренери сакаат да на намалат сложеноста на фудбалот, а Гвардиола сака да доминира со сложеноста. Неговата работа може да се спореди со шаховски велемајстор или со диригент кој од секој музичар го извлекува најдоброто“, пишува Лам во колумната.

EPA-EFE/Peter Powell

Лам воопшто не греши кога станува збор за неговото искуство бидејќи на самиот крај од својата кариера, тој во системот на Гвардиола беше многу повеќе од обичен десен бек. Кога Баерн се бранеше, Лам се повлекуваше во линија со четири одбранбени играчи во последната линија, додека во нападот тој стануваше дел од средниот ред како трет дефанзивен играч со поголема слобода со креативноста. Лам го опишува Пеп Гвардиола на начин на кој го виде додека ја водеше Барселона пред да го презеде кормилото на Баерн Минхен.

Кога Барселона триумфира во Лигата на шампионите во 2009 и 2011 година, тие ги давеа своите противници. Овој стил беше можен бидејќи сите во Барселона беа верни на идејата на тотален фудбал на Јохан Кројф. Доколку можеше да клонира, Гвардиола на терен ќе го имаше Андрес Иниеста клониран 11 пати. Но, на другите места на кои работеше мораше да ги жртвува своите идеи. Неговиот Манчестер сити сега игра повнимателно, тој се преориентира на атлетска одбрана која доминира во воздушните дуели. Екипата понекогаш ја остава, ја дава топката и се враќа назад, се бори во својата половина и затоа е потребно време да се постави контранапад“, пишува Лам.

Поранешниот германски репрезентативец тврди дека сите фудбалери го сакаат Пеп Гвардиола.
„Гвардиола научи да ги почитува едноставните голови. Од корнер или од шут надвор од шеснаесетникот, тој разбира дека и овие голови влегуваат во статистиката. Тој не е слеп следбеник на тика-така стилот. Тоа што го сака Гвардиола е да ги развие способностите и квалитетите на своите играчи. Тој им оддава почит со тоа што неговите омилени системи на игра 4-3-3 и 3-5-2 не ги става над своите играчи. Тој е нивен пријател, постојано е тука за нив и затоа сите го сакаат Гвардиола“, завршува Филип Лам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот