АМС ги објави добитниците: РК Вардар, МЗТ и РФМ со најголемите ваучери, и годинава нема пари за ФФМ

фото: рфм

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на национални спортски федерации, спортски клубови и активни спортисти кои ќе добијат ваучери.

Од националните спортски федерации најголемиот ваучер го доби Ракометната федерација на Македонија од 14 милиони денари, следува Кошаркарската федерација на Северна Македонија (12,300.000 ден.), а 10,800,000 денари ќе добие Одбојкарската федерација на Македонија. И оваа година нема ваучер за Фудбалската федерација на Македонија.

Целосната листа за Национални спортски федерации за Ваучер 2023 можете да ја погледнете ТУКА

Од спортските клубови, 17.5 милиони денари, во фудбалот најголеми ваучери добија ФК Шкендија АД и ФК Шкупи 1927 АД со по 11,500,000 денари. Во ракометот на РК Вардар 1961 ќе му биде доделен ваучер од 17 милиони денари, а по 15,500,000 ќе добијат РК Еурофарм Пелистер и РК Бутел Скопје.

Во кошарката најголем ваучер има КК МЗТ Скопје Аеродром АД (13 милиони денари), додека таеквондо клубот „Бутел“ 800,000 денари.

Целосната листа за спортски клубови и други правни субјекти за Ваучер 2023 можете да ја погледнете ТУКА

Кај спортистите, таеквондистот Дејан Георгиевски ќе добие ваучер од 500,000 денари параолимпијката во стрелаштво Оливера Наковска Бикова (450,000), борачите Владимир Егоров (360,000) и Мохамед Гаџи Нуров (310,000), додека атлетичарката Дрита Ислами 300,000 денари.

Целосната листа за активни спортисти за Ваучер 2023 можете да ја погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот