Американско ЦДЦ препорачува вакцинирање со „Фајзер“ и „Модерна“ наместо со „Џонсон и Џонсон“

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во четвртокот им препорача на Американците да изберат една од двете други овластени вакцини против ковид-19 наместо „Џонсон и Џонсон”, поради ретки, но понекогаш фатални случаи на згрутчување на крвта, пишува Ројтерс.

Потегот на ЦДЦ следеше откако неговиот советодавен одбор за имунизација едногласно ја изгласа препораката за вакцините „Модерна” и „Фајзер/Бионтек” наспроти „Џонсон и Џонсон”.

Од повеќе од 200 милиони целосно вакцинирани луѓе во Соединетите Американски Држави, околу 16 милиони ја примиле вакцината „Џонсон и Џонсон”.
Компанијата соопшти дека безбедноста на оние кои ја користат вакцината „Џонсон и Џонсон” е нивниот главен приоритет.

Случаи на тромбоза со синдром на тромбоцитопенија, кој вклучува згрутчување на крвта придружено со низок број тромбоцити, претходно биле пријавени кај приматели на вакцината „Џонсон и Џонсон”. Највисоки стапки се пријавени кај жени под 50 години.

ЦДЦ соопшти дека стапката на вакви инциденти е повисока од претходно проценетата, и кај жените и кај мажите. Агенцијата идентификуваше повеќе од 50 такви случаи во САД, околу 3,83 случаи на милион примени дози на „Џонсон и Џонсон”.

Членовите на Комитетот, исто така, рекоа дека вакцината на „Џонсон и Џонсон” е помалку ефикасна во спречувањето на Ковид-19 од другите две одобрени вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот