Американските репрезентативци не трпат навреди

Репрезентацијата на САД не успеа да ја одбрани титулата на Мундобаскетот во Кина, губејќи уште во четвртфиналето и тоа од селекцијата на Франција. Потоа следеше уште еден пораз, од Србија, по што избраниците на селекторот Грег Попович ќе играат за седмото место на Светското првенство.

Американската јавност не може да им прости на кошаркарите за неуспехот, иако во Кина не настапија најдобрите НБА играчи. Мајлс Тарнер кој е дел од селекцијата на САД, одлучи да им одговори на критичарите.

– Никој не е повеќе разочаран од нас самите. Но одбивам да толерирам било какви напади на тимскиот карактер, срцо, вложениот труд. Е*ете се, го жртвувавме целото лето, ги жртвувавме нашите тела и играме кога никој друг не сакаше од за него свои причини – им одговара Тарнер на критичарите кој потоа додаде и:

– Треба да им се оддаде признание на сите селекции кои настапуваат на ова СП, тоа се талентирани репрезентации. Кошарката е меѓународен спорт, со ова не барам никаков изговор за неуспехот, во Кина дојдовме „покуси“ за најдобрите играчи. Успеавме да обезбедиме пласман на Олимписките игри во Токио и ви гарантирам дека таму ќе биде поинаква сликата – заврши Тарнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот