Фото: Монтажа

Американскиот Врховен суд пред историска одлука: Можно е да ги укине царините на Трамп и да ја натера Владата да врати над 100 милијарди долари

Судиите Џон Робертс и Ејми Кони Барет покажале скепса кон аргументите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, што, според аналитичарите, би можело да биде клучно за исходот.

Врховниот суд на САД би можел да ја поништи царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, што, според аналитичарите и инвеститорите, може да предизвика турбуленции на финансиските пазари и да ја стави на тест економската стабилност на земјата. Одлуката, која се очекува наскоро, може да ја натера Владата да врати над 100 милијарди долари во собрани царини, отворајќи нова правна и политичка криза, објави „Ројтерс“.

Инвеститорите предупредуваат дека поништувањето на царините, воведени преку Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби (ИЕЕПА) би значело дека Министерството за финансии ќе мора да ги рефундира средствата наплатени од компаниите, како и дека даночните обврзници ќе треба да платат и камата од 6 отсто годишно. Според царинските експерти, ова би било без преседан во американската историја, а постапката за враќање пари може да трае со години.

Судиите се скептични за аргументите на Трамп

На расправата пред Врховниот суд, судиите Џон Робертс и Ејми Кони Барет покажале скепса кон аргументите на администрацијата на Трамп, што, според аналитичарите, би можело да биде клучно за исходот. Дебатата се фокусирала на тоа дали извршната власт има право да воведува царини без изречна согласност од Конгресот.

Врховниот суд на САД ќе ја преиспита легалноста на царините на Трамп

Правните експерти укажуваат дека оваа одлука може да стане преседан за границите на претседателската моќ. Според поранешниот функционер во Министерството за трговија Рајан Мајерус, најверојатно е судот делумно да пресуди против Владата, но со ограничен домет:

„Прашањето е дали судот ќе дозволи царини под одредени услови или ќе го врзе овластувањето за конкретни вонредни состојби,“ рече тој.

Од неговото враќање на власт, Врховниот суд во 22 од 25 итни случаи донел одлуки во корист на Трамп, особено во областа на имиграцијата, надворешната помош и воените политики. Сепак, овој случај е само втор годинава што се разгледува со јавна расправа, што покажува дека судиите му придаваат особено тежок институционален карактер.

Ќе биде како во филмот „И секој ден, мрмотот те поздравува“?

Трговскиот аналитичар Вилијам Рајнш предупреди дека дури и ако Трамп ја загуби оваа правна битка, тој веројатно ќе се обиде повторно да ги воведе царините преку други закони, создавајќи низа нови судски спорови.

„Тоа ќе биде како во филмот ‘И секој ден, мрмотот те поздравува’ — исти царини, нова правна основа,“ рече Рајнш.

Одлуката на Врховниот суд ќе покаже дали САД ќе останат на курсот на Трамповата протекционистичка економија или ќе се вратат кон традиционалната политика на трговска либерализација.

Доналд Трамп воведува дополнителни царини од 10 отсто за Канада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот