Американски параглајдерист паднал врз возило во Љубаништа

EPA/NARENDRA SHRESTHA

Педесет и седумгодишен параглајдерист од САД се здобил со повреди откако паднал врз автомобил во Охрид, соопштија од МВР. Повредениот Д.Ј.Р.  бил потоа со возило на итна помош пренесен во охридската болница.

МВР денеска соопшти дека вчера во 15,34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист. Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15.20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка „мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот