Американски и британски војник загинаа во Ирак
Еден американски и еден британски војник загинаа во неделата за време на воена обука во Ирак, објави „Асошиејтед прес“.
Препорачано
Информацијата ја соопштија американски и британски официјални претставници вчера, без да објават дополнителни детали.
„Американски војник загина во несреќа за време на воена обука во воздухопловната база Ербил во Ирак. Обуката беше спроведена заедно со нашите партнери од британската армија, кои исто така загубија еден војник“, соопшти Централната команда на Армијата на САД, копнена воена структура во состав на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), преку социјалните мрежи.
Американската армија соопшти дека идентитетот на загинатиот војник нема да биде објавен сè додека не поминат 24 часа откако ќе биде известено неговото семејство.
И британското Министерство за одбрана вчера, со длабоко жалење, соопшти дека британски војник загинал во несреќа за време на обука во Северен Ирак.
„Нашите мисли и сочувство се со семејството и со пријателите во овој тежок момент“, се наведува во соопштението.
База што ја градела Југославија стана клучна точка за американското присуство во Ирак
Двата смртни случаи моментално се под истрага.
Воздухопловната база Ербил се наоѓа во полуавтономниот Курдски Регион во Северен Ирак, каде што САД сè уште имаат воено присуство заради континуираната борба против екстремистичката група Исламска држава (ИД).


