Американски експерт за сајбер безбедност ќе го советува Министерството за одбрана

Министерството за внатрешни работи/ Фото: МИА

Во Министерството за одбрана од денеска ќе биде ангажиран американскиот советник за сајбер безбедност, Франк Ранеро, долгогодишен експерт во оваа област, како дел од соработката и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

Како што информираат од Министерството за одбрана, во следниот период тој интензивно ќе работи со клучниот сајбер персонал на исполнување на амбициозната агенда на Министерството и заедничките напори за изградба и зајакнување на сајбер капацитетите на национално ниво. Во рамки на предвидените активности се планира развивање на нови т.н. сајбер авторитети и специјализирани сајбер тимови за брз одговор и мониторинг.

Министерката Радмила Шекеринска му посака добредојде на новиот советник на состанокот на кој присуствуваше амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, одбранбениот аташе и претставник од Канцеларијата на САД за одбранбена соработка со Северна Македонија, и рече дека неговата улога ќе биде важна во развојот на нашата сајбер одбрана.

-Северна Македонија и САД уште еднаш покажаа дека сојузништвото има заеднички интереси, но и заеднички цели. Воедно, тоа сојузништво значи и дека стојат зад нас со своите експертски потенцијали, рече Шекеринска.

Американскиот советник истакна дека му е чест да учествува со својата експертиза во оваа сфера, во важен период за најновата членка на НАТО.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот