Американската морнарица заплени три ирански ракети и 150 противтенковски проектили

Во последниве години, американски бродови пресретнаа и одземаа иранско оружје насочено главно кон борците Хуту во Јемен.

Воен брод на американската морнарица заплени оружје за кое се верува дека е од ирански „дизајн и производство” и вклучува 150 противтенковски проектили и три ирански ракети земја-воздух, соопшти американската армија.

Оружјето е запленето во неделата во Арапското Море, а идентично е со она што друг американски воен брод го заплени во ноември.

Станува збор за противтенковски ракети „Дехлавие”, кои се иранска копија на руската ракета „Комета”, се наведува во соопштението на американската војска.

Во последниве години, американски бродови пресретнаа и одземаа иранско оружје насочено главно кон борците Хуту во Јемен.

Според резолуцијата на Обединетите нации, Техеран има забрана да снабдува, продава или изнесува оружје надвор од земјата, освен со одобрение од Советот за безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот