Американскaтa министерка за финансии стравува од „хуманитарна криза“ ако Израел го прекине финансискиот канал на палестинските банки

Џенет Јелен/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскaтa министерка за финансии, Џенет Јелен предупреди денеска за ризикот од „хуманитарна криза“ доколку Израел го прекине клучниот финансиски канал на палестинските банки.

-Посебно сум загрижена од заканите на Израел да преземе акција што ќе доведе до отсекување на палестинските банки од нивните израелски кореспондентни банки, изјави таа на новинарите во Стреса во северна Италија, каде подоцна ќе се отвори состанокот на министрите за финансии на Г7.

Според неа овие банкарски канали се клучни за обработка на трансакции кои овозможуваат увоз од речиси осум милијарди долари годишно од Израел, вклучувајќи струја, вода, гориво и храна, како и олеснување на речиси две милијарди долари годишно извоз од кој зависи палестинската егзистенција.

На прашањето што би можеле да направат САД и Г7 како одговор, Јелен рече дека пред неколку месеци му пишала на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за економската ситуација на окупираниот Западен Брег.

-Верувам дека ќе создаде хуманитарна криза во догледно време ако палестинските банки бидат отсечени од израелската кореспонденција. Секако, ова е став што ќе го искажеме, рече таа.

Јелен изјави дека тоа прашање може да се дискутира на Г7, додавајќи дека „очекува другите земји да изразат загриженост за влијанието на таквата одлука врз економијата на Западниот Брег“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот