Американската министерка за финансии размислува за нови санкции против Иран

Џенет Јелен/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, подготвува нови санкции против Техеран, како одговор на иранскиот напад врз Израел во текот на викендот, објави денеска американскиот портал Аксиос.

„Министерството нема да се двоуми да работи со нашите сојузници да ги искористи санкциите како можност да продолжи да го попречуваме малигниот ирански режим и нивните дестабилизирачки активности“, се наведува во текстот на документот што Јелен денеска ќе го прочита пред американската јавност, а до кој Аксиос имал претходен пристап.

Во текстот од изјавата на министерката се истакнува дека нападот од Иран и неговите помагачи ја нагласува важноста на Министерството за финансии да користи економски мерки за да се спротивстави на „злонамерните активности на Иран“, пренесуваат британските медиуми.

Јелен претходно истакна дека иранските акции ја загрозуваат стабилноста на Блискиот Исток и можат да предизвикаат економски проблеми, додавајќи дека САД ќе ја искористат можноста за санкции и ќе соработуваат со сојузниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот