Американската кошаркарка Грајнер се изјасни за виновна на судењето во Русија
Александар Бојков, адвокатот на Грајнер, им рече на новинарите дека се надева дека таа ќе добие најниска можна казна.
Американската кошаркарка Бритни Грајнер во четвртокот се изјасни за виновна за обвиненијата за поседување дрога во Русија, поради што може да биде осудена на 10 години затвор, пренесува „Дејли Мејл“.
Препорачано
– Би сакала да се изјаснам за виновна. Но, немаше намера. Не сакав да го прекршам законот. Би сакала да сведочам подоцна. Ми треба време да се подготвам – рече Грајнер во судница во близина на Москва.
Следното судско рочиште е закажано за 14 јули. Александар Бојков, адвокатот на Грајнер, им рече на новинарите дека се надева дека таа ќе добие најниска можна казна.
Грејнер беше приведена во февруари на аеродромот Шереметјево во Москва, откако наводно во нејзиниот багаж било пронајдено масло од канабис.
Судењето на ВНБА ѕвездата започна минатата недела, поради зголемените повици до Вашингтон да ги засили напорите за ослободување на Грејнер речиси пет месеци по нејзиното апсење.
Но, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во четвртокот предупреди дека „обидите на американската страна да се крене врева во јавноста, не придонесуваат за практично решение на ова прашање“.


