Американец со боксови претепал тројца полицајци во станицата во Кисела Вода

Полиција / Фото: МИА

 Четириесетидвегодишен државјанин на САД, кој, откако бил приведен во полициска станица, нападнал тројца полицајци со боксови.

На 03.11.2021 во 14.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Ф.Ш.Ч.(42) од САД, затоа што во хотел на ул.„Јордан Мијалков” се однесувал недолично, а по пристигнување на полициските службеници се однесувал агресивно кон нив и физички нападнал тројца полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Утринава странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со бокс по лицето, нанесувајќи му телесни повреди. Во тој момент уште двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив започнал да ги удира со боксови, нанесувајќи им телесни повреди. По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот