Американците не трпат потценувања: Не сме дојдени од улица

Кошаркарската репрезентација на САД не личи на себе откако дури 19 кошаркари го откажаа настапот на Светското првенство во Кина кое започнува на 31 август. Бројните откази, но и поразот на стартот од контролните натпревари ги натера главните ривали да размислуваат дека САД не се непобедливи.

Згора на тоа во прогнозите на ФИБА пред престојниот Мундобаскет, Американците не се главни фаворити за златниот медал, тие се на второто место веднаш зад Србија.

Грбот на кошаркарите им го свртеа и навивачите во САД кои не се надеваат дека сегашниот состав ќе успее да го одбрани златниот медал.
Ваквото потценување го разбуди инаетот кај преостанатите кошаркари.

– Не сме ние кошаркари кои се собрани од улица. Ние сме НБА играчи и сме доста добри во тоа што го правиме, а ваквите работи, како потценувањето дополнително не мотивираат – изјави Џејсон Тејтум, ѕвездата на  Бостон селтикс.

Истото мислење го дели и неговиот соиграч од Бостон,Кемба Вокер, и единствен во тимот на селекторот Грег Попович кој има настап на ол стар натпревар.
„Гладни сме за успех“, порача Вокер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот