Американците тврдат дека ја отепале руската „Змија“: Неутрализиран шпионски софтвер

Американските власти денеска соопштија дека го неутрализирале шпионскиот софтвер наречен „Змија“ („Snake“) за кој велат дека Русија со децении го користела за шпионирање на земјите-членки на НАТО.

„Благодарение на операцијата со висока технологија што го сврте овој злонамерен руски софтвер против себе, американските безбедносни сили неутрализираа една од најнапредните руски контраразузнавачки алатки“, вели заменик-јавната обвинителка Лиса Монако во соопштението.

„Прекината е долгогодишната руска кампања за кибер-шпионажа во која беа украдени чувствителни информации од компјутерските мрежи на десетици земји, вклучително и САД и други земји од НАТО. Обвинителите ги поврзаа шпионските операции со единицата на руската Федерална служба за безбедност, или ФСБ, и ги обвинија хакерите за кражба на документи од стотици компјутерски системи кои припаѓаат на владите на НАТО“, велат властите.

„Дваесет години, ФСБ се потпираше на малициозниот софтвер „Змија“ за да спроведува сајбершпионажа против САД и нашите сојузници … тоа завршува денес“, изјави помошникот јавен обвинител на САД, Метју Олсен, шеф на Одделот за национална безбедност на американското Министерство за правда.

Специфичните цели на овие кибер-напади не се именувани, но американските власти ја опишаа шпионската кампања како значајна, и дека успешно извлекувала чувствителни документи од земјите на НАТО, како и дека била насочени кон американските владини агенции и други во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот