Американците откриваат: Меси ќе се степал со противничкиот тренер по поразот на Интер Мајами?

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

На Интер Мајами во последно време не му оди без Лионел Меси на теренот, а тимот беше поразен и од Монтереј во последниот натпревар со 1:2 во рамките од Конкакаф Лигата на шампионите.

Меси поради повреда овој натпревар го следеше од ложата на стадионот, а по натпреварот според пишувањето на медиумите во САД не бил задоволен од судењето на теренот.

Наводно, Аргентинецот во тунелот по завршувањето на средбата влегол во вербална расправија со судиите, а се пишува и дека дури бил блиску да влезе во физичка пресметка. Во расправијата учествувале и неговите соиграчи, Жорди Алба и Луис Суарез.

По поразот на домашен терен, сега Интер Мајами го чека реваншот на гостински терен во Мексико каде што ќе се обидат да ја надополнат негативата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот