Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“, Трамп воведува царини за осум европски земји

Царината ќе се зголеми на 25 проценти од 1 јуни 2026 година, сè додека не се постигне договор за целосно купување на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека би вовел царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд, наведувајќи дека тоа е прашање на национална и светска безбедност.

„Можам да воведам царини на земјите ако не се согласат со Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезна маса во Белата куќа за руралното здравство.

Во објава на својата социјална мрежа „Truth“, претседателот додаде дека Данска, како и други земји од Европа, „ги штителе“ територијалните интереси на Гренланд без да наплаќаат компензација, додека Кина и Русија, според него, се заинтересирани за островот.

Политико: Европа тивко се подготвува за одговор ако Трамп тргне по Гренланд

Како мерка, од 1 февруари 2026 година, Трамп најави воведување царини од 10 проценти за стоките од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска што се испорачуваат во САД. Царината ќе се зголеми на 25 проценти од 1 јуни 2026 година, сè додека не се постигне договор за целосно купување на Гренланд.

Трамп истакна дека САД повеќе од 150 години се обидуваат „да го купат“ островот и дека со модерните системи за одбрана и „Златната купола“, контрола врз Гренланд е критична за националната безбедност и заштита на глобалниот мир.

Претседателот ги повика Данска и другите земји вклучени во ова прашање на преговори, нагласувајќи дека со текот на децениите САД обезбедиле максимална заштита и поддршка за регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот