Политико: Европа тивко се подготвува за одговор ако Трамп тргне по Гренланд
Додека Доналд Трамп се заканува дека ќе ја употреби американската војска за да го заземе Гренланд, европските претставници и дипломати тивко почнаа да размислуваат за досега незамислива можност – како да му се спротивстават на претседателот на САД.
Препорачано
Иако евентуален воен судир меѓу САД и европска држава би бил краткотраен, европските сојузници на Гренланд располагаат со други начини за притисок доколку Трамп одбие компромис, пишува Политико. Клучната точка на притисок е мрежата на американски воени бази во Европа, кои Вашингтон ги користи за проектирање на својата моќ во Африка и особено на Блискиот Исток.
Трамп се закани: Царини за земјите што не го поддржуваат планот за преземање на Гренланд
Се поставува прашањето зошто САД би продолжиле да имаат пристап до тие бази или поддршка од европските армии и разузнавачки служби доколку се обидат да одземат суверена територија од членка на НАТО, како Данска.
Темата е исклучително чувствителна и засега се дискутира зад затворени врати, надвор од официјалните дебати на самитите на ЕУ и НАТО. Сепак, повеќе европски функционери потврдуваат дека низ континентот се водат приватни разговори за можни чекори доколку Трамп продолжи со заканите.
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека секое загрозување на суверенитетот на европска држава би имало „последици без преседан“ и порача дека Франција ќе дејствува во целосна солидарност со Данска.
И покрај тоа што се разгледуваат и поостри мерки, европските лидери остануваат претпазливи, стравувајќи дека отворена конфронтација со Трамп би можела да доведе до сериозен распад на трансатлантските односи и да ја загрози поддршката за Украина.


