Америка има нов план како да го стопира „Северен тек 2“

Функционерите во Вашингтон немаат сила да ја запрат изградбата на гасоводот вели рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

Американските сенатори подготвиле план за проширување на санкциите против проектот „Северен тек 2“, соопшти агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на нацрт документот.

Според информациите на агенцијата, се планира претходно воведените санкции да се применат на сите активности кои се однесуваат на производство на цевки, но и врз осигурувањето, што значи дека во иднина ограничувањата ќе се однесуваат и на осигурителните куќи кои даваат услуги на танкерите кои работат на гасоводот.

Во предлог текстот на законот ќе биде укаѓано дека секакво учество во проектот во било кое својство „моментално ќе се соочи со сериозните американски санкции“, изјави сенаторот Тед Круз.

Говорејќи за „Северен тек 2“, амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов изјави дека функционерите во Вашингтон немаат сила да ја запрат изградбата на гасоводот.

Американците стравуваат дека Европа би можело да стане зависна од руски гас и затоа се обидуваат да го осуетат проектот и истовремено да создадат услови за испорака на американски нафтен течен гас по повисоки цени.

Германија ги критикуваше санкциите на Вашингтон против Русија, а според зборовите на портпаролот на компанијата Норд стрим 2, за завршување на изградбата на гасоводот останува уште 160 километри да се завршат со поставување цевки на два краци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот