Амбер Херд се обидува да ја поништи пресудата: Дали адвокатскиот тим на актерката најде пропуст во поротата?

Фото: ЕПА/Профимедиа

Адвокатскиот тим на Амбер Херд поднесе документи оваа недела барајќи од судот да ја поништи одлуката дека актерката мора да му плати на Џони Деп 15 милиони долари отштета за клевета.

Фото: Профимедиа

Нивните аргументи за укинување на пресудата се трикратни: Тие веруваат дека тимот на Џони Деп не обезбедил доволно докази за да се потврди дека нејзината статија во Вашингтон пост го чинела неговите филмски улоги. Тие исто така нагласија дека таа никогаш не го именувала Деп во текстот, а најмногу ги загрижува што еден од поротниците не бил таков каков што мислеле дека ќе биде.


Според TMZ, правниот тим тврди дека поротникот #15 кој бил повикан на суд и поротникот #15 кој се појавил не се исто лице.

На хартија, овој поротник е роден во 1945 година, но правниот тим на Херд вели дека лицето кое се појавило на суд е многу помладо.


Доколку се утврди дека судот не покажал „должна грижа“ при проверката на поротата, тоа би можело да биде валидна причина за отфрлање на пресудата донесена од таа порота, пишуваат странските медиуми.

Видео на денот