фото: kfsm.mk

Амар Хот: Напредувавме во насоката која треба да нè донесе до добар резултат

Амар Хот е дел од македонската сениорска кошаркарска репрезентација кој ќе има веројатно доста тешка задача во претстојните дуели од претквалификациите за Светскиот куп 2027, прво оној на 2 август во Куманово, против селекцијата на Романија, а потоа и оние наредните, во продолжението од мечевите во групата „Е“, против Унгарија на гостински терен.

Како секогаш во неговите зборови има многу висока доза на оптимизам, така е и овој пат:

Моментално ова е најмладиот состав мислам на сите досегашно сениорски репрезентации. И чувството да се дели паркетот со млади играчи со кои што сум ги поминал младинските категории е навистина феноменално. Заедно со нив и како и со некои поискусни играчи како што се Магдевски и Мекиќ, Вајли, и вистинско задоволство да се биде дел од овој тим.

Подготовките ги поминавме многу добро, одлично се согласуваме со стручниот штаб. Без оглед на тоа што периодот за подготовките е со доста краток рок, се надевам дека ќе го направиме тоа што посакуваме и е наша цел, да одиме понатаму. Во досегашниот дел од подготовките многу повеќе бевме фокусирани на нашата игра.

Секако, секој ден се повеќе и повеќе напредувавме во таа насока која треба да нè донесе до добар резултат. Заедно со луѓето од стручниот штаб ќе ја анализираме прво Романија, одиме чекор по чекор. Јас секогаш сум оптимист, секако дека можеме да ги минеме, не само оваа, туку и сите други фази од претквалификациите – вели Хот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот