Алтипармаковски една година во Струга Трим Лум

Денеска стружани го промовираа своето ново летно засилување за следната натпреварувачка сезона 2020/2021.

Марјан Алтипармаковски официјално потпиша договор на една година со екипата на Струга Трим Лум.

28-годишниот играч претходно ги бранеше боите на Пелистер, Ксанти, Панилијакос, Работнички, Интер Запрешиќ, Судува, Сараево, Лачи и Пирин Благоевград.

Претходно Струга Трим Лум потврди дека е продолжена соработката со Нијас Лена, а како нови играчи беа промовирани уште Александар Ристевски (договор 1 година), Раиф Мирселоски (договор 1 година), Бесир Рамадани (договор 3 години) и Јасмин Мециновиќ (договор 1 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот