Алкараз: Ќе го освојам Вимблдон

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз верува дека има шанси во кариерата да освои барем еден Вимблдон.

20-годишникот од Мурсија во Квинс по третпат игра на оваа подлога. Стигна до полуфиналето, по одличниот меч со Григор Димитров (6:4, 6:4).

„Ова за мене беше далеку најдобриот меч на трева. Чувствувам дека имам многу повеќе искуство од претходните години. Позрел сум на оваа подлога. Како што ќе играм повеќе мечеви на трева, можам да станам одличен играч“, изјави Алкараз.

Вимблдон е започнува за десетина дена, а Алкараз верува дека ќе го освои овој турнир барем еднаш во кариерата.

„Се обидувам да учам од најдобрите и се чувствувам се подобро. Мислам дека ќе освојам барем еден Вимблдон“, истакна Шпанецот.

Следен противник во Квинс на Алкараз ќе му биде Себастијан Корда.

„Сакам да играм против млади играчи, ќе биде тоа посебен меч“, изјави Карлос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот