Алкалоид ја продолжи доминацијата со Бутел и ја затвори годината со победа
Ракометарите на Алкалоид продолжија со одличните настапи и ја потврдија доминацијата против Бутел Скопје, откако славеа на гостински терен со 28-33 (12-18) во рамки на 18. коло од Суперлигата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Екипата предводена од Кирил Лазаров од самиот почеток наметна силно темпо и рано стави до знаење во чија насока ќе оди натпреварот. Алкалоид отвори со серија од 0-4 преку Костески, Митев и Велковски, а во текот на првото полувреме константно ја одржуваше предноста од околу четири погодоци. Во завршницата од првиот дел разликата дополнително порасна, па на пауза се замина со убедливи 12-18.
Во второто полувреме Бутел влезе поагресивно и успеа да намали на 16-20, но Алкалоид брзо ја врати контролата врз играта. По водството од 19-25, домашниот тим направи серија од 3-0 и повторно се доближи, но тоа беше максимумот што можеше да го извлече. Иако Бутел во финишот успеа да се спушти на минус три, гостите мирно го приведоа мечот кон крај и заслужено стигнаа до победата.
Најефикасен на натпреварот беше Никола Костески со осум погодоци, додека кај Бутел најмногу се истакна Димитар Узунчев со седум гола.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
58мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


