Алиоски ќе го напушти Фенербахче и ќе се врати во Ал Ахли?!

фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче како што пренесуваат тамошните медиуми нема да го откупи договорот на Езџан Алиоски кој е член на Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Македонскиот репрезентативец сезонава настапува на позајмица во Фенербахе, но истата според информациите ќе биде раскината.

Ова го сугерирал тренерот на турската екипа Жезус до првите луѓе на клубот во желбата да се ангажира Дели Блинд од редовите на Ајакс.

Блинд од минатата недела е слободен играч, па можно е оваа зима да го засили Фенер.

Учинокот на Алиоски во Фенербахче е еден гол и две асистенции во 17 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот