Алиев: Азербејџан ќе заземе цврст став околу потпишаната изјава за Нагорно Карабах

Фото: EPA-EFE/VIKTOR TOLOCHKO / POOL

Азербејџан ќе заземе цврста позиција доколку има обиди за мешање во договорите содржани во трилатералната изјава за Нагорно Карабах, рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во денешното обраќање до нацијата.

„Доколку некој сака да интервенира во изјавата потпишана на 10 ноември, ќе го види нашиот цврст став”, вели Алиев во пораката објавена од државната новинска агенција АЗЕРТАК.

Алиев рече дека веќе имало такви обиди, чија цел била да се наруши постигнатиот договор.

Тој верува дека се појави нова реалност во регионот.

– Доколку прашањата споменати во изјавата бидат успешно одговорени, ќе се формира нова рамка на соработка во нашиот регион, истакна Алиев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот