Фото: Министерство за спорт

Ален Рустемовски и Катерина Попева избрани за спортисти на годината

Боксерот Ален Рустемовски, освојувач на сребрен медал на Европското првенство до 23 години во Ереван, Ерменија, е прогласен за спортист на годината. Признанието за најдобра спортистка ѝ припадна на Катерина Попева, која се закити со златен медал на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг.

За најперспективен млад спортист е избран боксерот Адријан Рустемовски, освојувач на бронза на Европското првенство во Ереван, додека во женска конкуренција наградата ја доби Даниела Алексовска. Таа зад себе има златен медал од Европското првенство во мешани боречки вештини, како и бронзено одличје од Светското првенство.

Женската ракометна репрезентација е прогласена за најуспешен женски национален тим, додека признанието во машка конкуренција го доби машката одбојкарска репрезентација. За најуспешен тренер е избран Могамед Ибрагимов, а титулата најуспешна спортска федерација ѝ припадна на Џудо федерацијата на Македонија.

Признанието за најуспешен спортист со инвалидитет го доби Андреј Стојановски, кој го освои шестото место во дисциплината 400 метри мешано на Олимписките игри за глуви лица во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот