Алексов: Само со транспарентност може да се бориме против повредите на Избирачкиот список – таа транспарентност од 2016 година е присутна

Оливер Дерковски во неодамнешно гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ рече дека никогаш нема да има идеален Избирачки список, токму на оваа тема гостин во студиото на „Слободна ТВ“ беше првиот човек на МОСТ, Дарко Алексов, кој на прашањето дали се манипулира со избирачкиот список, изјави дека едноставен одговор на вакво прашање не може да се даде.

-Прво, пристапот до Избирачкиот список на организации како МОСТ е лимитиран и оди до одредено ниво.Можеме да разговараме за тоа што се случува со Избирачкиот список или што се случувало години нананзад. Ако ја гледаме прогресијата и тргнеме од период 2009-2010 па се до 2016 ќе видиме дека просекот на зголемување на Избирачкиот список е 20.000 годишно – или од избори во избори. Ако пак се вратиме од 2016 до 2020 година, значи последните податоци кои се комплетно достапи до веб страната на ДИК, ќе може да ги констатираме следниве работи: Во 2016 година сме имле 1.812.000 гласачи регистрирани на Избирачкиот спиок. ВО 2019 сме имале 1.808.000 гласачи, што значи 4.000 помалку. Во 2020 1.816.000 што е само 4.000 повеќе од 2016 година- рече Алексов.

Што значи тоа, Избирачкиот список е жива материја, вели Алексов и во неа има луѓе кои што се бришат и запишуваат.

-Очигледно во тие години претходно, немајќи начин како да утврдиме дали има одредени злоупотреби, битно е да се напомене дека во оваа фаза имаме две работи кои што можеме да ги констатираме како факт Прогресијата не е со 20.000 гласачи годишно и втората работа од 2016 после низа перипетии Избирачкиот список е целосно достапен, освен ЕМБГ, на граѓаните да го проверуваат. Значи граѓаните може да ги проверат податоци. Само со транспарентност може да се бориме против повредите на Избирачкиот список – таа транспарентност од 2016 до денеска е присутна- изјави Алексов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот