Александра Мијалкова е позитивна на коронавирус

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Примабалерината Александра Мијалкова, сопруга на Сашо Мијалков е позитивна на корона вирус, Мијалков пак има висока температура и сува кашлица.

Ова денеска во судница за случајот „Таргет-Тврдина” каде обвинет е Сашо Мијалков го соопшти неговиот адвокат Љупчо Шврговски.

Обвинети во овој предмет покрај Мијалков е поранешната министерка за внатрешни работи,

Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот