Фото: Викимедија

Албанските иселеници лани дома испратиле 930 милиони евра или 100 милиони повеќе од претходната

Минатата година албанските иселеници на своите најблиски во Албанија им испратиле 930 милиони евра, што е за околу 100 милиони евра повеќе споредено со претходната година, објави Централната банка на Албанија.

Овој износ е највисок од 2008 година, од кога Банката почна да ги објавува податоците.

Значителниот раст на дознаките започнал од пандемијата со ковид-19, но уште повеќе бил нагласен со ценовната криза од минатата година. Севкупно, излегува дека износот испратен минатата година е за 11 отсто повисок од 2022 година, пренесува Евроњуз Албанија.

„Бројките покажуваат дека последниот квартал од минатата година постигнале историски рекорд, со околу 252 милиони евра или 4 отсто повеќе од последниот квартал на 2022 година“, соопшти банката.

Албанија се празни, над 30% од населението живее во странство

Истражувањата покажуваат дека има повеќе од 40.000 семејства кои редовно добиваат пари од своите роднини, што се смета и како месечна плата. Парите испратени минатата година од имигрантите имале доволно влијание за да се ублажи кризата со високите цени, за храна или други неопходни трошоци, наведува телевизијата.

Дознаките сочинуваат околу 10 отсто од Бруто домашниот производ, а главен извор на парите се земјите од Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот