7 C
Скопје

Активни 16231 случај со Ковид-19, расте бројот на оздравени пациенти

До вчера во Македонија беа регистриарни 16.231 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број,  9.985 се од Скопје. На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 700 позитивни или суспектни пациенти на коронавирусот, од кои 300 се во Скопје, а има околу 560 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Според вчера објавените податоци на Министерството за здравство во претходните  24 часа, во државава се регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.118 тестирања, од кои 165 во Скопје. Починале 10 лица, а оздравеле 339 пациенти.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 88.389, бројката на оздравени пациенти е 69.476, а на починати е 2.682.

Од понеделник, како што најави Министерството за здравство, во скопските поликлиники „Јане Сандански”, „Бит Пазар” и „Драчево”, пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП, кои се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите.

Прочитајте и...  САД и ЕУ ги замрзнуваат сите царини во спорот „Боинг – Ербас"

Во трите поликлиники, кои се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на таа здравствена услуга, од следната недела ќе има посебен план. Лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во темини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

– Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид-центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена услуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување – изјави директорот на Здравствениот дом Скопје, д-р Виктор Исјановски.

Прочитајте и...  Бретон: Во ред е членките на ЕУ да набават кинески и руски вакцини
Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Во очекување на пристугнувањето на првите антиковид вакцини во земјава и стартот на вакцинацијата на населението, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус вчера повика на спроведување кампањи за вакцинација за Ковид-19 во сите држави во светот во следните 100 дена.

– Сакам да видам спроведување вакцинација во секоја држава во следните 100 дена, така што здравствените работници и оние со висок ризик први ќе бидат заштитени – изјави Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

Во исто време, СЗО вчера испрати апел до државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

– Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапни – препорача СЗО.

Прочитајте и...  Истражување: Расте довербата на светската популација во анти-ковид вакцините, опаѓа стравот од нуспојави

Според Организацијата, доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето.

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Од друга страна, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера  ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ.

– Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани – изјави Фон дер Лејен.

Во однос на забелешките дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои немале пристап до вакцината, Фон дер Лајен изјави дека ова може да се реши со комбинација на такви потврди и негативен тест за Ковид-19.

Поврзани вести

Која е нишката што ја поврзува Македонија со кланот „Америка“

Слободен печат

Милета Миљаниќ, ака Мајк падна во Њујорк: Агентите на ФБИ му ставија лисици на рацете на водачот на кланот „Америка“

Слободен печат

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Слободен печат

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонгконг

Слободен печат

ВИДЕО I Еден мигрант загина, а неколку се повредени во експлозија во минско поле во близина на Плитвице

Слободен печат

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Слободен печат

Остави Коментар