Актерката Кирстен Данст се омажи за колегата Џеси Племонс по шест години врска и две деца

Кирстен Данст и Џеси Племонс
Кирстен Данст и Џеси Племонс / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Актерката Кирстен Данст и нејзиниот долгогодишен партнер актерот Џеси Племонс сега се официјално во брак. Двојката веќе има две деца, а заедно се шест години. Тие минатиот викенд се венчале во луксузното одморалиште „GoldenEye“ во Очо Риос, Јамајка, а веста ја потврди и претставникот на актерката, пренесува „The Cut“.

Кирстен Данст
Кирстен Данст и Џеси Племонс / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

40-годишната Кирстен и 34-годишниот Џеси почнаа да се забавуваат во 2016 година, откако се запознале на снимањето на серијата „Fargo“, каде што играа пар, но почнале да се забавуваат дури по завршувањето на серијата во 2016 година. Тие се верија една година подоцна.

Двојката глуми заедно и во драмата на „Netflix“ од 2021 година „Power Of The Dog“, во која глумеа маж и жена, и двајцата беа номинирани за Оскар за нивните улоги.

Кирстен Данст
Кирстен Данст и Џеси Племонс / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Актерот ја нарече Кирстен своја „жена“ на Оскарите оваа година. Тогаш водителката Ејми Шумер седна до Племонс и се преправаше дека не ја познава Кирстен додека таа мораше да застане до нив двајца, а тоа на крајот беше еден од најконтроверзните моменти во ноќта.

„Велиме дека сме во брак затоа што се чувствувам како да сме во брак“, изјави Племонс минатата година.

Кирстен Данст и Џеси Племон
Кирстен Данст и Џеси Племонс / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Актерот на почетокот на годината изјави дека глобалната пандемија и нивните две мали деца го отежнуваат планирањето на венчавката, а сега, седум месеци подоцна, конечно застанаа пред олтарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот