Актерката Алиса Милано уапсена: Протестирала пред Белата куќа

алиса милано
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Полицијата во Вашингтон ја уапси актерката Алиса Милано додека со група истомисленици протестираше пред Белата куќа, барајќи промени во правото на глас.

„Само што ме уапсија додека протестирав и барав од администрацијата на Бајден и Сенатот да го искористат своето право и да го заштитат правото на глас. Застанете покрај мене и кажете им на Сенатот и на Белата куќа гласно дека сите мора да ги имаат тие права, без разлика каде живеат“, напиша актерката на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alyssa Milano (@milano_alyssa)

Полицијата прво ја предупредила актерката дека заедно со членовите на здружението „People for the American Way“ мора да се тргне од областа, во спротивно ќе мора да ги уапси според законот кој забранува собирање толпи и окупирање на улицата и тротоарите.

Инаку, актерката пред протестот најави дека може да биде уапсена.

„Денес ќе ризикувам апсење бидејќи минатата година беа воведени 425 закони кои го ограничуваат правото на глас“, рече Милано во видеото објавено на „Твитер“. „Затоа ќе барам нашиот претседател да направи се што е во негова моќ за да ги усвои Законот за слобода на гласот, Законот за правата на глас на Џон Луис и Законот за државност на ДЦ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот