Трамп и Нетанјаху во Кнесетот/Фото: Evan Vucci / AFP / Profimedia

Аксиос: Израелската влада не сака брз крај на војната со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара појаснување од Белата куќа претходно оваа недела откако дозна дека претставници на администрацијата на Трамп можеби комуницираат со иранскиот режим, според два извори запознаени со ситуацијата. Потегот на Нетанјаху ја одразува загриженоста на израелската влада дека САД би можеле да побараат прекин на огнот со Иран пред Израел да ги постигне сите свои воени цели, објави „Аксиос“.

Според извори, израелското разузнавање претходно оваа недела добило информации што покренале сомнежи дека имало комуникација меѓу Иран и администрацијата на Трамп за евентуално примирје. Нетанјаху во понеделникот ги повикал претставниците на Белата куќа за да потврди дали се случиле такви разговори или размена на пораки.

„Белата куќа му кажала на Биби дека администрацијата на Трамп не работи зад неговиот грб и не разговара со Иранците“, рекол еден од изворите.

Тесна координација и покрај сè

Еден американски функционер забележа дека специјалниот пратеник Стив Виткоф и советникот и зет на Трамп, Џаред Кушнер, разговараат речиси секојдневно со Нетанјаху, директорот на Мосад, Дејвид Барни, и други израелски функционери.

Тој нагласи дека, и покрај повремените конфликти во минатото, координацијата била многу блиска во последните месеци.

„Тие знаат дека не разговараме со Иранците“, рече американскиот функционер.

Израелската амбасада во Вашингтон одби да коментира за случајот, а Белата куќа не одговори на барањето за коментар.

Обиди за контакт со Иран

Американски функционер и друг извор запознаен со настаните потврдија дека Иранците испратиле пораки до администрацијата на Трамп преку други земји od регионот во последните денови, но дека САД не одговориле на нив.

„Ги отфрливме тие пораки како бесмислени“, изјави американски функционер за „Аксиос“.

„Њујорк тајмс“ денес објави дека иранските разузнавачки службеници индиректно контактирале со ЦИА преку разузнавачка агенција од трета земја со понуда да разговараат за условите за прекин на конфликтот.

Официјален став на САД

Во меѓувреме на брифинг за медиумите во вторникот, американски функционер категорично ги негираше контактите.

„Стив Виткоф или Џаред Кушнер не разговарале со Али Лариџани, Абас Арагчи или со некој друг во иранскиот режим откако започна војната – кажал изворот.

Самиот претседател Трамп во вторник отфрли каква било можност за разговори со иранскиот режим.

„Нивната воздушна одбрана, воздухопловните сили, морнарицата и раководството се уништени. Тие сакаат да разговараат. Им реков: „Премногу е доцна!“, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот