Ако земате лекови што можат да го ослабнат имунолошкиот систем мора да носите маска, дури и ако сте вакцинирани

маска
Profimedia

ЦДЦ истакна дека луѓето кои имаат автоимуна состојба или земаат лекови што го ослабуваат имунитетот треба да разговараат со лекар пред да излезат надвор без маска.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) минатата недела објави извештај дека оние што се вакцинирале не мора да носат маски во повеќето ситуации, што за многумина беше добра вест. И, додека во повеќето земји, многумина ги извадија своите маски минатата недела, некои и понатаму мора да бидат особено претпазливи.

Постои една група на луѓе кои ЦДЦ ги предупреди дека и понатаму би требало да носат маски на лицето, дури и ако ги примиле двете дози од вакцините против ковид-19. Станува збор за оние кои земаат имуносупресивни лекови за автоимуните болести.

Profimedia
Profimedia

Пред само две недели, ЦДЦ објави дека оние што ги примиле двете дози на вакцината против ковид-19 може да продолжат со нормалните активности без да носат маска и без држење физичка дистанца од 1,5 метар, освен ако не е поинаку побарано од државата или од други овластени лица, како што е работодавачот.

Сепак, тие исто така издадоа и предупредување дека сите луѓе кои имаат автоимуни болести и земаат лекови коишто можат да го ослабнат имунолошкиот систем треба да разговараат со лекарот пред да го отфрлат носењето на маски.

Ако имате состојба или земате лекови коишто можат да го ослабнат имунолошкиот систем, не сте целосно заштитени дури и ако сте вакцинирани, затоа треба да бидете претпазливи и да ги преземете сите мерки за да се заштитите“, се вели во соопштението.

unsplash

Научниците сѐ уште се обидуваат да дознаат како вакцината ги штити луѓето коишто имаат слаб имунолошки систем, без разлика дали е тоа поради некоја болест или поради лековите што ги
користат. Студиите покажаа дека луѓето кои имаат автоимуна болест и користат лекови за болеста, имаат и ослабен имунолошки систем па може да имаат и послаба реакција на вакцината.

Еден претходен преглед на постоечките студии на 29 март, покажа дека првата доза на вакцините „Фајзер“ и „Астра Зенека“ може да имаат послаб ефект на оние луѓе кои земаат одреден лек за автоимуни болести. Додека кај некои такви пациенти одговорот на имунитетот се зајакнал по втората доза на вакцината, некои никогаш не го развиле потребниот имунитет.

Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, пред десетина дена им објасни на новинарите дека е јасно и дека постојат податоци кои тоа го потврдуваат, дека ако некое лице нема компетентен имунолошки систем, поради хемотерапија или трансплантација, вакцината може да не дејствува толку добро.

Profimedia
Profimedia

Валенски советува, пред да ја отстраните маската од лицето, односно пред да се одлучите да не носите маска, задолжително да се консултирате со вашиот лекар.

Таа исто така истакна и дека само затоа што упатствата се променети не значи дека сè автоматски се менува. Мора да го земете предвид ризикот од заразата и тоа колку сте подготвени да не носите маска.

Не значи дека сите треба да ги симнат маските затоа што пред десетина дена се сменија упатствата“, заклучи Валенски, пренесува „Yahoo“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот