Ако Вардар ја исфрли Лозана, ќе игра против Зимбру или Астана во третото коло на Конференциската лига
Денеска со жрепка во Нион фудбалерите на Вардар ги дознаа потенцијалните ривали во третото квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига.
Препорачано
Доколку скопските „црвено-црни“ бидат подобри во двомечот против швајцарската Лозана, во следната трета рунда ќе играат со подобриот од дуелите меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан).
Вардар својот прв меч би го играл на домашен терен на 7 август, а реваншот на теренот на противникот на 14 август.
Играчите на тренерот Гоце Седлоски успешно стартуваа во квалификациите откако во првото коло го елиминираа претставникот на Сан Марино, Ла Фиорита.
УЕФА Конференциска лига
Трето квалификациско коло
Андерлехт (Белгија)/Хакен (Шведска) – Шериф (Молдавија)/Утрехт (Холандија)
Вардар (Македонија)/Лозана (Швајцарија) – Зимбру (Молдавија)/Астана (Казахстан)
Ларне (Северна Ирска)/Приштина (Косово) – Вараждин (Хрватска)/Санта Клара (Португалија)
Арис Лимасол (Кипар)/Пушкаш Академија (Унгарија) – АЕК (Грција)/Беер Шева (Израел)
Премија од 100.000 евра за фудбалерите на Вардар доколку ја елиминираат Лозана


