Ако јадете сирење или бадеми навечер, побрзо ќе ги истопите маснотиите додека спиете

Фото: Unsplash

Иако не е препорачливо редовно да јадете доцна навечер, сепак, експертите советуваат дека не е најдобра идеја да си легнете гладни.

Познато е дека честото јадење во доцните часови може да резултира со зголемување на телесната тежина, особено ако се работи за храна која содржи рафинирани јаглехидрати и скроб – како леб и ориз, но и храна како чипс и грицки – кои имаат малку влакна и многу шеќер.

Експертите велат дека е најдобро да не си легнувате гладни, а доколку огладнете доцна навечер, ве советуваат да посегнете по ужина богата со протеини како свежо сирење, пренесува „Хелти“ (Healthy).

Една студија покажа дека консумирањето 30 грама протеини околу 30 минути пред спиење може да има позитивен ефект на метаболизмот. Иако студијата вклучувала само активни жени во нивните дваесетти години, таа била прва што ја истражувала оваа можност за намирниците во целост, за разлика од протеинските шејкови и другите протеински додатоци испитани во претходните истражувања.

Ако не сте љубител на свежо сирење, не грижете се – има многу други добри извори на протеини одобрени од нутриционистите.

„Обидете се да јадете посни протеини како пилешко, печено говедско месо, тофу, варени јајца или грст бадеми 30 минути пред спиење за да бидете сити во текот на ноќта“, предлага Бриџит Ејџ, медицинска сестра.

„Оваа храна, исто така, ќе обезбеди енергија потребна за метаболизмот, што ќе ги зајакне вашите напори во слабеењето.“

Бадемите или оревите се едни од најздравите јаткасти плодови кои можете да ги јадете и може да бидат добар избор за луѓе кои се нетолерантни на лактоза, вегани или едноставно не сакаат млечни производи. Јаткастите плодови генерално се богати со добри масти, како и добар извор на протеини и хранливи материи како витамин Е, селен и магнезиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот