Ајатолахот Хамнеи: Поддршката за Хезболах продолжува во конфликтот со САД и Израел
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи испрати писмо до генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, во кое ветува континуирана поддршка од Исламска Република Иран за либанското движење на отпорот во неговата борба против САД и Израел.
Препорачано
Според соопштението објавено од страна на Хезболах, политиката на Иран се заснова на „континуирана поддршка за отпорот против ционистичкиот и американскиот противник“, објави иранската телевизија Прес ТВ.
Ајатолахот Хамнеи нагласи дека солидарноста се заснова на патот на претходните лидери, вклучувајќи ги Сејед Али Хамнеи и генералниот секретар на Хезболах, Сејед Хасан Насралах.
Во писмото исто така се нагласува дека историјата на исламскиот отпор вклучува храброст и жртва на лидерите кои ги дале своите животи во одбрана на нацијата.
Хамнеи, исто така во своето писмо посочи истакнати личности како Насралах и Сејед Хашем Сафиедин како примери за доследност на „цврстиот пат на отпорот“.
Хезболах во соопштението наведува дека сегашниот генерален секретар, Шеик Касем, ја носи одговорноста да го води движењето во овој чувствителен момент во историјата на отпорот и да ги спречи заговорите на ционистичкиот непријател но и да ја врати честа и просперитетот на либанскиот народ.


