Агушоли: Косово е подготвено за договор со взаемно признавање, но тоа не зависи од Приштина

Пратеникот за движењето Самоопределување Грамос Агушоли вели дека Косово се залага за конечен договор со взаемно признавање, но дека тоа не зависи од Приштина, наведувајќи дека ЗСО не е прифатливо доколку е во спротивност со Уставот, пренесуваат косовските медиуми.

Тој додаде дека Србија „го прекршува договорот лобирајќи против Косово“.

„Дефинитивно верувам во искреноста на американските сенатори и нивната желба да се реши ова прашање како што велат, но Србија до сега ја прекрши секоја точка од договорот, силно лобирајќи во однос на суверенитетот и територијалниот интегритет, како и против членството на Косово во меѓународните организации“, рече Агушоли.

Според него, Косово е подготвено за договор со взаемно признавање, но тоа не зависи од Приштина, бидејќи Србија, вели, има деструктивен пристап во дијалогот.

„Она што досега го имавме од дијалогот со српската страна е деструктивен пристап и сценарија што го дестабилизираа северот на земјата преку криминални банди инсталирани директно од официјален Белград“, тврди Агушоли.

За Заедницата на српски општини, тој вели дека доколку е во спротивност со Уставот на Косово и нејзиното формирање не е прифатливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот