Аферата „ТНТ“ се ближи кон првостепената пресуда

Случај „ТНТ“, Миле Јанакиески
Случај „ТНТ“, Миле Јанакиески/Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Се ближи крајот на судскиот процес попознат како „ТНТ“ кој се однесува за незаконското уривање на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

Обвинети се екс-министерот за транспорт, Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази баба, Тони Трајковски и четворица службеници, а во отсуство му се суди и на поранешниот премиер Никола Груевски.

На денешното рочиште, сите докази кои ги поднесоа адвокатите на обвинетите судијата Огнен Ставрев ги одби како неосновани.

За ова согласност даде и обвинителот Бурим Рустеми, кој се согласи само за еден доказ да биде изведен во текот на повторената постапка за овој случај, бидејќи сметаа дека предлогот од ново да се повикуваат сведоци наместо да бидат читани нивните сведочења е обид за одолговлекување на постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот