АФД не освои ниту еден градоначалник во Северна Рајна Вестфалија, Дортмунд по 80 години ќе го води човек од ЦДУ
Кандидатите на крајнодесничарската партија АфД не успеаја да победат на градоначалничките избори во ниеден од градовите во покраината Северна Рајна-Вестфалија (СРВ), иако за првпат влегоа во втор круг во неколку поголеми градови, пренесе „Еуроњуз“.
Препорачано
Во неделата, на вториот круг од локалните избори во речиси 150 општини низ најнаселената германска покраина, јавниот радиодифузер WDR ја опиша ситуацијата како „црн бран“ – црната боја симболизирајќи ја партијата на канцеларот Фридрих Мерц, ЦДУ.
Особено внимание беше насочено кон Диселдорф, Келн, Дуизбург, Гелзенкирхен и Хаген. Во последните три градови, кандидати на АФД се натпреваруваа за функцијата градоначалник за првпат во историјата на СРВ – но сите беа поразени со голема разлика од кандидатите на ЦДУ и СПД.
Големо изненадување донесе Дортмунд, каде кандидатот на ЦДУ, Александар Халоути, победи на изборите за градоначалник. Ова е првпат градот со силни работнички корени, каде од 1946 година наваму владееше Социјалдемократската партија (СПД), да добие градоначалник од конзервативна партија.
ЦДУ исто така победи во Леверкузен и Билефелд, како и во повеќе рурални окрузи, каде традиционално има силна поддршка.


